Имаме работа со уценети луѓе на власт, сервилност болна за гледање, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината во Велес на тема „Развојни политики за стабилна економија“. Зборувајќи за престојната лидерска средба со премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, тој рече дека тоа треба да е тековна работа кога се разговара за државните интереси, а власта од неа направи цела тема.
Цела седмица гледаме една сапуница, каде со доза на напнатост од страна на медиумите се дознава дали премиерот ќе испрати официјална покана за лидерска, па потоа дали Али Ахмети ќе се согласи Ковачевски во четири очи да разговара за иднината на својата држава, па на крајот дали раководството на СДСМ ќе има доволно храброст и доверба во својот претседател да го пушти на една таква средба, рече Мицкоски.
Додаде дека Македонија е во тешка позиција и дека тоа е она на што треба да се фокусираат сите.
Еве ќе им кажам дека јас, Христијан Мицкоски ќе дојдам на лидерска средба и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе, ќе кажам дека Уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има. Нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот како што тоа го прави власта, ниту пак да дозволам да газат по националните интереси. Македонија не е на распродажба, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.