А Деканот и Ректорот што правеле? Замижувале?, прашува професорката Весна Јаневска откако Антикорупциската комисија алармираше за случајот на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово со пречкртување и поправање сам си ставал нови, повисоки оценки.
„Судијава“ вика тие се виновни што нема документи.
Кое дно, човек да не може да поверува. Демек, академски граѓани, интелектуалци.
Арам, вели професорката.
Ферати се пријавил и бил примен во Академијата на судии и обвинители наведувајќи просек од 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88. Просекот на судијата бил поправен со пречкртување на три негови оценки во Матичната книга на Катедрата по право на Тетовскиот универзитет, и ставање повисоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.