Образованието е еден од најзначајните столбови и какво ни е образованието такво ни е општеството и обратно. Јавна тајна е во Македонија е дека нашиот образовен систем е во благ распад, и тоа е жално, затоа што така се распаѓа и државата, изјави Весна Јаневска, претседателка на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Погрешната образовна политика го нарушува стандардот, и го урива системот“, потенцирајќи дека власта продолжува да ги деградира наставниците не само со погрешните реформи туку и со платите и како и манипулацијата во медијацијата при штрајкот.

Јаневска посочи дека клучната улога за да се добие добар производ од образовниот систем ја имаат наставниците и тие се под безброј притисоци.

Лошите политики тргнуваат од врвот, и завршуваат во училница. Реформи од кои последната беше комична која значеше укинување на бесплатно образование и укинување на учебниците како за учениците така и за наставниците. Интензитетот со кои се бараа промените беше страшен. Овие така наречени реформи беа спроведувани набрзина, со неподготвени наставници, неподготвен терен, инфраструктура, несоодветни за нашето општество, рече Јаневска.

Таа истакна дека од наставниците се бараше премногу, но за тоа да можеше да се реализира треба да се тргне од високо образование, за да може новите генерации да имаа знаење, а сегашните наставници да добијат дополнителни обуки, но тоа не се случи.

Се потрошија пари, но самите наставници кажуваат дека тоа биле комплетно бесполезно обуки, и не им било даде потребното знаење. Власта немаше слух а нема ни сега продолжува да го нарушува достоинството на наставниците, нагласи Јаневска.

Таа потенцираше дека власта достоинството на наставниците продолжи да го нарушува со платите и нелегална злоупотреба на законот за помирување.

Прво ги излажаа дека ќе им ги нивелираат платите според минималната. Власта кога донесе одлука за минимална плата не направи проценка дека тоа ќе направи домино ефект и треба да исполнат и други побарувања. Неопходно е наставниците да добијат повисоки плати. Наставниците беа приморани да штрајкуваат, а потоа беа излажани со закон за помирување, кој државата нелегално го искористи. Тоа требаше да биде на добра волја на двете страни, но го искористија како алатка да ги изманипулираат и ги излажаа. Медијатор беше жена од кабинет на министер што е противзаконски, изјави Јаневска.

Таа посочи дека власта одеше и дотаму што им се закануваше со откази ако не прекине штрајкот, а на оваа сиромаштија тоа да се направи е многу страшно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.