Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Дел не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и учебниците за седмо одделени се печатат и испорачуваат, фактичката состојба е сосема поинаква.
Оваа информација со медиумите денеска ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, посочувајќи дека за надминување на предизвикот се бара решение заедно со Бирото за развој на образованието.
Неколку денови разговараме со Бирото и најверојатно учениците од седмо одделение и следната учебна година ќе учат од постојните учебници, оние кои и досега беа во употреба. Имаме образложение од Бирото дека се прилично компатибилни со наставните програми, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали, рече Јаневска.
Таа посочи дека разговорите и дискусиите со БРО сè уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, Концепцијата ќе биде одложена на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.