Министерството за образование и наука, како и многу други институции си ги следи неразумните, девастирачки насоки на Владата, вели професорката Весна Јаневска, потсетувајќи дека и во МОН се вработуваат луѓе, а и набрзина се унапредуваат, се разбира по партиска и роднинска линија.

Сопругите и сопрузите, не се роднини, ама и тие не се исклучени.
Веројатно е потребно МОН да се пренатрупа со лојани луѓе на партиите, кои и поткупот во вид на помош на учениците нема да можат да го реализираат. Поентата е дека огромен број од учениците, за кои училиштата беа претворени во социјални служби, не ја добиваат помошта веќе трет месец.
Што ќе работат нововработените и дали само ќе “клатат врата и примаат плата“ никој не води сметка, битно е пред избори само да се вдомат што повеќе по критериум партија и непотизам, предупредува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.