Од вечерашното интервју на министерот Јетон Шаќири разбрав дека тој ја подржува пропаднатата реформа на Мила Царовска, за која не знае како се спроведува и какви се ефектите, затоа што требало повеќе време. Од анализата од преминот од прво во второ и од трето во четврто, па од прво во второ и трето во четвта година и така натака, од прво во второ, а можеби од вторo во трето и четврто во петто и така натака… – коментира професор д-р Весна Јаневска.

Таа го потсети министерот за образование дека за за успешни реформи требаат и стручни чинители, но учество и на оние кои ја спроведуваат реформата, а кои имаат минимална плата.

Нешто не разбрав, но разбрав дека јасно ја пласираше нашата идеја дека треба долгорочна стратегија со консензус на сите политички чинители. Бидејќи ова го слушнал, што ми е драго, го потсетувам министерот дека за успешни реформи требаат и стручни чинители, но учество и на оние кои ја спроведуваат реформата, односно наставниците, наставниците кои набрзо ќе примаат нешто повеќе од минимална плата – коментира Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.