Почитувани,
Ученици, наставници, родители, баби и дедовци и сите останати,
Денес на прес конференција Премиерот Димитар Ковачевски всушност соопшти дека ги прифатил речиси сите предлози на лидерот на опозицијата г-дин Христијан Мисковски во врска со енергетската криза, во кои беше вклучен и предлогот на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ за префрлање на училиштата од индустриска струја на регулиран пазар, пишува на својот фејсбук профил Весна Јаневска од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Поради овој факт за добробит на народот и Република Македонија ја повикувам Владата веднаш, неодложно, да си даде оставка и да распише итни вонредни парламентарни избори.
Го повикувам Лидерот на опозицијата во клучните моменти да продолжи бесплатно да ја советува владата, со една единствена цел, спас на народот и државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.