Алијанса за Албанците, партија, реагираше на прес конференцијата на Синдикатот на Државниот просветен инспекторат. Во реакцијата се вели дека на синдикатот му пречела имплементацијата на албанскиот јазик, вработувањето и унапредувањето на Албанците во инспекторатот и образованието, отворањето албански паралелки низ државата, особено во населените места каде што со години не функционираат, пишува на својот профил на фејсбук проф д-р Весна Јаневска.
Алијанса за Албанците треба да знае дека паралелки на албански јазик не отвора ДПИ туку Министерството. Никој нема ништо против албанските паралелки да се отвораат според закон и никој нема ништо против да се вработуваат Албанци, ама со соодветно образование и според нормативот за вработување и унапредување.
Од тука политичкиот памфлет на Алијанса за Албанците е само доказ дека актуелниот директор на ДПИ, ниту го заживеал, ниту разработил по закон ДПИ, туку дека партискиот кадар на АА кој не исполнува услови да биде директор на ДПИ наместо стручно да работи, всушност спроведува чиста и штетна за соживотот политика.
Директорот по трет пат добива незаконски мандат и за тоа АА не реагира. Го прашувам директорот дали е вистина дека после пресот на синдикатот се јавува на вработените и им се заканува? Ако ова е точно многу ме интересира АА да објасни зошто директорот го прави тоа?
Одговорност ќе има.
Уште малку, пишува Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.