Календарот за средно образование е објавен последните денови од минатата година. Сепак почекав да видам кога Министерот ќе го објави јавно и дали ќе го користи како предизборен маркетинг. Не сум згрешила, активноста беше многу предвидлива, вели професорката Весна Јаневска.

МИНИСТЕРОТ СЕ ДОДВОРУВА, на идните гласачи.
Убаво, ги скрати работните денови на средношколците, што значи СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ЧАСОВИ, АМА НЕ СЕ НАМАЛИ МАТЕРИЈАЛОТ (наставната програма), кој што беше ПРЕДВИДЕН ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ ЧАСОВИ.
Така наставниците набрзина ќе испредадат, учениците набрзина “ќе го совладаат материјалот“ и на крај наставниците и ќе ги оценат учениците.
А ПИСА рангирањето? А смешната матура со препишувањето од телефони? А IQ второ од назад во Европа (види претходен пост).
Дополнително ве информирам дека основците ќе учат до 17 – ти јуни, ама овие што ќе полаат матура не мора да УЧАТ.
Еј кутра Македонијо, што те снајде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.