Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва е во Тетово во рамките на кампањата за локалните избори за избор на Совет на општината.

Од Жена паркот тој сподели впечатоци од прекрасната атмосфера и испрати порака дека жива е Македонија.

Иницијативата „Го сакам Тетово” на 10 и 11 август организира големи бесплатни концерти на Ламбе Алабаковски и Некст тајм.

Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, велат од иницијативата „Го сакам Тетово”.

Освен овие музички концерти, ова иницијатива најавува и други вакви или слични настани до крајот на летото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.