Ја имаме изјавата на годината, а е само 27.02.
Човекот има над 125.000 денари плата и ако не ја земел, морал да се задолжи за да преживее!!!!!!
Министер. Ќе раскажува приказни за Европа додека за истата шијат жени во години со 6 пати помала плата од неговата кои немаат каде да се задолжат. Немаат службени шофери, картици и можност фудбалче да играат во канцеларии. Не можат да позајмат кола од комшијата, како Артан Груби, за да не влегуваат во есктра арч со толку мали плати. И имаат храна во владина менза (која ние ја плаќаме за да е толку ефтина), со цени од типот 150 денари за бифтек – додека обичен народ „влезница“ во месара плаќа толку пари, без конзумација.
Контакт со реалноста да се немало. Срам да се немало. Сиротиња! Дајте дупло плата нека земат, заслужена им е, ваков експеримент од држава ко Македонија мислам дека во светов немаат.
Ау, колку се отидени, ау!!!, пишува на Фејсбук, Богдан Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.