Изолацијата за асимптоматските случаи на ковид-19 наскоро ќе се намали од 10 на 7 дена, дознава „Слободен печат“ од свои извори во Комисијата за заштита на населението од заразни болести, како и од Министерството за здравство. Деновиве ќе биде свикан состанок на Комисијата со дневен ред намалување на времетраењето на изолацијата, со оглед на тоа што омикрон варијантата на коронавирусот манифестира различни карактеристики отколку делта варијантата.
Комисијата во моментов нема да предложи измени за скратување на периодот на изолација, но за тоа ќе се зборува на следниот состанок, велат од МЗ за Слободен печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.