Во „Само интервју” на Канал 5 телевизија, Османи нагласи дека нема да има избори во наредниот период заради тоа што, како што рече, процениле оти тоа не е во интерес на граѓаните и државата.

Избори ќе има во мај 2024 година заедно со претседателските и тоа е конечно, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Така што тоа треба да го тргнеме од маса и како можност за разговори,“ рече Османи, додавајќи дека сега фокусот треба да се стави на тоа како да се менаџира кризата.

Земјата, вели Османи, се наоѓа во економска криза и затоа, според него, треба да изнајде начин со опозицијата да има базичен договор за справување со кризата.

„Проблемот во овој пристап е што политичките кариери се најважни во утврдување на политичките чекори на партиите,“ рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.