Ахмети: Денеска победи Европска Македонија и прогресивните сили во земјата.

Честито, победи системскиот криминал и корупција, благодарение на децениска негрижа, никогаш разбудена државничка и национална свест, елементарно отсуство на одговорност.

Се што се било и се заборавило, се што не се научило и се упропастило, се што сами си избришавме без нешто ново и поквалитетно да додадеме, се тоа сме ние.

Празна, скршена и трула школка каде маскираната во демократија мафија е власт, а мизерниот народ е потпупен или уценет со сопствената морална, духовна и материјална небитност и нискост.

Едно големо потемкиново село кое се лаже и го лажат дека некаде ќе отиде како држава, општество или култура.

Ќе отидат само прогресивните сили, останатите ќе скапуваат во едното општество за сите, напиша на фејсбук Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.