Државната комисија за спречување на корупција ја прекинало постапката за тоа како синот на Талат Џафери, успеал да добие право да полага, и да положи правосуден испит, пред да ги заврши магистерските судии. Претседателката на комисијата Билјана Ивановска негира дека не сакале да постапуваат, туку едноставно ги исцрпиле инструментите и истрагата со тоа завршила.

Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме. И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука, рече Ивановска.

Во вечерашната Топ Тема на Телма, Ивановска рече дека истрагата на антикорупционерите, која ја започнале по анонимна пријава, била насочена кон откривање кој му дозволил на помладиот Џафери да полага правосуден испит за да аплицира на Академијата за судии и јавни обвинители.

Гледајќи ги документите кои што ни ги достави академијата воочивме дека во фебруари 2015 го положил правосудниот испит, а во јули истата година, значи пет месеци подоцна, се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии. И тука почнавме да истрасжуваме. Се обративме до Министерството за правда, да ни ги достават документите од барањето на кандидатот што го доставил до правда. Да видиме што содржело тоа барање, кој го примил тоа барање и кој издал решение дека кандидатот ги исполнува условите. Дали министерот или од министерот овластено лице. Од правда веднаш не известија дека тие документи се чуваат само една година, тоа е така затоа што министерот одлучил така, рече Ивановска.

Тогашниот министер за правда, Аднан Јашари, претходно тврдеше дека во стариот закон имало дискреционо право, но таа пракса била прекината по носењето на законот во 2019 година. Но, Ивановска тврди дека ниту во стариот закон немало такво право.

Нема дискреционо право, на што ќе се заснова тоа дискреционо право, врз основа на што тој треба да одлучи дејка на некому ќе му даде право да полага? Тоа е злоупотреба веќе, ако имало такво дискреционо право, тврди претседателката на Антикорупциската комисија.

Ивановска исто така откри дека антикорупционерите во истрагата дошле до заклучок дека во тоа време дозволувањето да се полага правосуден испит пред да се завршат мастер студиите било масовна појава.

Не можам бројка да кажам, меѓутоа до мене стигнуваат инфомрации дека многу, многу лица се пријавувале да полагаат предвреме правосуден испит. Има еден период каде што навистина било сива зона, рече Ивановска.

Според неа имало еден период со воведувањето на болоњскиот систем кога настануваат некои недоследности. Претходно се студирало 4 години, па со болоњскиот систем биле намалени на три, за кои се добивале 180 кредити, а останатите 120, од потребните 300 за полагање правосуден испит, се добивале со завршување на магистерските студии. Но, Барлет завршил три години и добил 7/1 квалификација, што според Ивановска можеби му ја отворило вратата во Министерството за правда, за предвреме да полага правосуден испит. Вели дека се обратиле до инспекторатот за образование, на Универзитетот на ЈИЕ да го провери периодот од 2008 до 2012, и да види колку има такви студенти што завршиле три години а добиле 7/1 степен на образование.

Знаете која е бројката? 449 студенти. Значи тоа е појава, тие сигурно не чекале да им дојде рокот за да полагаат правосуден испит. Претпоставувам, ама не можеме да докажеме. Дали таа квалификација од 7/1 му ја отворило вратата во Министерството за правда, за да полага правосуден, значи тоа е прашалникот кој што се појавува кај нас. Реално, тој немал толку кредити, меѓутоа, со тоа 7/1 можеби тоа му ја отворило вратата во Министерството за правда, но кој може тоа да го докаже. Прво, седум години се поминати, значи делото е секако застарено, а и да не е, пак ние треба да покренеме постапка против службено лице, затоа што секој како него може да поднесе документи. Ние треба систем да градиме. системот да ги отфрла тие што не ги исполнуваат условите, вели Иавановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.