Јавната обвинителка Фатиме Фетаи го полагала правосудниот испит пред време, а ова ѝ го дозволил тогашниот министер за правда Михајло Маневски, тврди поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Според Русковска, Фетаи ја добила оваа привилегија поради тоа што се покажала како исклучително добар студент.

Ѝ беше дозволено со само една година стаж по завршување на факултетот, да полага правосуден испит пред време. Тоа не беше тајна, сите знаевме во тоа време. Она имаше завршено Правен факултет, и наместо две години стаж во правосудство, она после една година од страна на тогашниот министер полагаше  правосуден. Образложението беше како многу добар, исклучиво добар студент. Затоа никој не го сфати тоа како погрешно – рече Русковска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.