Министерството за правда ќе иницира нов законски акт документите за полагање правосуден испит да се чуваат најмалку десет години во електронска форма, наместо една година како досега, изјави денеска на брифинг со медиумите, министерот за правда Никола Тупанчески.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу, во однос на аферата со дипломите и дали некој може да полага правосуден испит без соодветна диплома, вели дека ако треба да се бара одговорност, тоа треба на Комисијата, а не кандидатот да биде мета бидејќи, според него, тој нема вина.

Министерството за правда и Комисијата за полагање на правосуден испит е административно тело. Никој не може без докази да донесе решение, одлука, заклучок и слично. Не може врз основа на дискреционо право. Има недостаток во однос на времето кога се пријавени документите, изјави Нухиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.