Иван Јорданов, градоначалникот на Штип, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека општината за време на одрживањето на музичката манифестација „Макфест“, на програмата денес и утре, нема да ја повтори истата грешка како за „Штипската пастрмалијада“ и да им наплаќа влез на сите возила кои се регистрирани надвор од градот.
Пред еден месец на кружната сообраќајница на влезот во Штип од правец на Скопје и Кочани, службите за паркинзи на ЈП „Стипион“ ги стопираа возилата кои немаат штипска регистрација и бараа да платат 80 денари за паркирање ако одат на „Штипската пастрмалијада“.
Знам дека тоа се прошири како една антиреклама за градот, но тоа се случи поради проблеми со наплатата на паркингот. Штипјани се познати како гостопримливи домаќини, рече Јорданов во денешната утринска емеисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.