Синоќа во Куманово, родниот град на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, полицијата беше исвиркана и избркана, кога сакаше да интервенира кај навивачите кои со албански знамиња ја славеа победата на Швајцарија.
Вчера вечерта Швајцарија ја елиминира Србија и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство (СП) во фудбал кое е во тек во Катар.
Куманово беше еден од градовите во Македонија каде што наголемо се славеше триумфот на швајцарските фудбалери. Со албански знамиња, факели се славеше во Куманово, Скопје, Тетово… Двајца полицајци се обидоа да воведат ред во славјето на навивачите, но тие веднаш беа исвиркани од присутните и практично избркани од местото каде што се обидоа да интервенираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.