Група Албанци синоќа ги блокираа улиците во Куманово славејќи ја победата на Швајцарија над Србија на Светското првенство во Катар. Музика, свирење, албански знамиња, но и знамиња на голема Албанија бе а дел од декорот на навивачите.

Во швајцарскиот дрес настапуваат двајца фудбалери со албанско потекло – Гранит Џака и Шќедран Шаќири, од кои вториот го постигна првиот гол на средбата.

Средбата заврши со резултат 3-2. Швајцарија продолжи во осмина-финалето на СП, додека Србија беше елиминирана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.