За прв пат би кажал дека можам да се сложам со Димитар Ковачевски дека М-НАВ е претворена во семејна фирма, но тој требаше да оди до крај и да каже дека тоа е семејна фирма на власта на ДУИ и на СДС, каде што како што рековте снаата на Артан Груби, сестрата на Бујар Османи, чичко и братучед на Љупчо Николовски се вработени таму и што самиот призна. Но и двајца зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири исто се вработени во М-НАВ“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска одговарајќи на прашање на медиуми.

Стоилковски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ на темата М-НАВ одржа серија прес конференции.

„И досега за овие состојби имавме серија прес конференции во кои што М-НАВ го нарекувавме, а би рекол и со вистинското име македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од власта“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека на ваквиот непотизам и бандитизам на народот му се лоши, но нанесува и непоправлива штета за Македонија.

„И токму од тука велиме дека никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, порача Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.