Четири искусни медицински сестри набркани од работа само затоа што се Македонки, aлармира Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи го овој скандал ДУИзација на Куманово

Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор.

Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки.

По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема.

Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ, открива тој.

Петрушевски ги повика надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.