Меѓународниот републикански институт (ИРИ) ќе му помага на Министерството за образование и наука во заложбите да ја зголеми ефикасноста на образовните услуги за граѓаните, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска по средбата со Илина Мангова, регионална советничка на ИРИ за Европа и Ана Алибегова, виша програмска менаџерка на ИРИ.

Ќе работиме стратешки, реално ќе ја мериме состојбата и ефектите од нашите образовни политики, следејќи ги мерливите показатели за успешност од стратешкиот и годишниот план за работа на министерството, порача министерката Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.