Изборниот ден минува тензично во албанските средини. Со пцости и закани овластени набљудувачи на изборите се спречени да влезат на избирачките места. Како што дознава Република, инцидентот е забележан во Радуша на избирачко место кое го обезбедува само еден полицаец и не може да воспостави ред.

На член на една политичка партија која учествува на изборите и овластен набљудувач од Сарај, Бошњак по националност, му ги дупнале гумите на автомобилот пред влезот во селото.

Организатори на инцидентот е заменик-директор на затворот во Шутка и внукот на поранешен пратеник на една од владејачките партии.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.