Институциите да не си ја префрлаат топката и да го истражат начинот на кој внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Дрин, станува познат инвеститор и во бизнис со струја, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите што ги сподели денес оваа партија, во 2019 година, кога Дрин имал 21 година ,добил концесија за мала хидроелектрана.

Владата контролирана од Али, му дала концесија за мала хидроцентрала на Дрин Ахмети во 2019, кланот Ахмети стануваат мултимилионери. Дрин Ахмети кога ја добил концесијата за мала хидроцентрала имал само 21 година, и како таков инвестирал 1,2 милиони евра, сега не негови, зошто како што кажа самиот тој само има добри идеи, па како во случајот со Соравија, плаќаат или банките или други бизнисмени. И додека народот едвај плаќа сметки за струја, за внукот на Али, Дрин Ахмети плаќаат за да му дадат 39% од бизнис од 30 милиони“, соопшти партијата.

Оттаму додаваат дека младиот Ахмети станал популарен инвеститор во време кога ДУИ е во власта.

Каменолом за варовник, мала хидроцентрала, 39% од деловниот центар Соравиа, ова се дел од мултимилионските бизниси на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, ова се бизниси стекнати во време кога Али Ахмети е политичка фигура без која владата на СДС не би опстанала ниту ден. Али Ахмети е значаен чинител во власта, додека неговиот внук влегува во мултимилионски бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара реакција од институциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.