Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека граѓанското здружение коешто во месец септември треба да се трансформира во политички субјект ќе биде најважниот фактор за креирање на идната извршна власт во Македонија по парламентарните избори и ќе преземе одговорност да ја извадат државата од оваа катарза.

Ние во моментов во македонскиот блок сме трето пласиран политички субјект којшто сѐ уште не е регистриран, бидејќи не може да ве стават на анкета доколку немате регистрирано политички субјект. Она според нас што е најважно е реалната анкета, а на нас ни се граѓаните. Ние поддршката од нив ја чувствуваме секојдневно, ја чувствуваме и надежта којашто доаѓа од нивна страна, но и очекувањата и ние тоа ќе го исполниме. Ќе излеземе со еден сериозен тим, којшто е докажан во сите сфери на општественото живеење, ќе понудиме алтернативи како брзо да ја трансформираме Македонија во стабилна самоодржлива држава која ќе биде во функција на граѓанинот, а не во функција како денеска на политичарот и ваквите поединци коишто даваат слатки изјави, а всушност во државата ни се случува сеопшта катарза, рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.