Дезинформација е дека поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев избегал со авион што во Бишкек, Киргистан слетал од Македонија, велат за МИА од МВР. Директорот на АЦВ Томислам Тунтев за МИА, пак, изјави дека на 7 јануари имало лет од Скопје за аеродромот Манас во Бишкек, при што авионот дошол од Истанбул и заминал за Бишкек.

Тој појасни дека станува збор за најавен и одобрен бизнис лет со авион од типот „бомбардиер глобал експрес“ од турски оператор што ги исполнува сите услови и барања, односно што ја доставил целокупната потребна документација за да добие одобрение од македонските воздухопловни власти.

Руската агенција РИА Новости вчера пренесе вест на локалните медиуми во Казахстан дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, слетале на аеродромот „Манас“, во главниот град на Киргистан, Бишкек, од кои едниот бил од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.