Македонија предводена од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче дојде до 8.000 починати лица од ковид, рече на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е огромна бројка и дека тоа не се само обични бројки туку луѓе, судбини и семејства.

Македонија има најголема смртност во регионот. Илјадници и илјадници семејства во Македонија ја поминаа голготата на овој катастрофален здравствен систем на Зоран Заев и Венко Филипче, каде што нема кревети, нема лекови, нема кислород, нема Брза помош. Македонија беше последната земја во Европа која што доби вакцини, последната земја во Европа. Резултатот е катастрофален. Резултатот е фијаско и дебакл. 8.000 починати луѓе од КОВИД, тоа е тажна и ужасна бројка за сите нас, рече Ѓорчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.