Има ли Комисија за заразни болести и Министерство за здравство?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ковидот убива поради неспособноста на владата.
Вчера повторно бројот на заболени од КОВИД е скоро 2.000, во земјава има над 20.000 активни случаи на вирусот. Над 8.000 луѓе починаа откако почна пандемијата. Македонија изгуби луѓе колку што население има цел еден помал град. Народот умираше не само како последица на состојбите кои ги предизвикува КОВИД, туку умираше и зошто немаше кој да им даде кислород, умираше и зошто доцнеа вакцини, затоа што власта бараше провизии. Народот умира од КОВИД и затоа што владата е неспособна. Здравствените власти да се зафатат со работа, и посветено да пристапат на пандемијата. Импровизациите чинат животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.