Помина прославата на најголемиот македонски празник Илинден. Наместо како што сме навикнати тоа да биде свечено и со многу народ, оваа година беше и повеќе од скромно. Наместо народ, во Крушево и на Пелинце имаше повеќе обезбедување отколку граѓани.

Пратеничката Рашела Мизрахи во своето гостување на „Алфа тв“ се осврна и на тоа како се славел Илинден пред неколку години, а како се слави сега.

-Ова се сведува на концептот „Дојде живот за сите„ и „Рамо до рамо“, значи чиста пропаганда и пи-ар стратегии ништо по егзискуција ништо направено низ институциите за граѓаните, едне куп лаги кон граѓаните и кои што кулиминираат со распродажба со се она што е национален богатство на оваа држава.Значи не зборувам тука за струја, вода, храна само како ресурси, туку зборувам и за она што е историја, култура, традиција на македонскиот народ и што очекуваа да стане. Значи да сега сме сведоци на една тажна слика, празен пат, народ нем , за разлика од некогаш, исвиркувани се оние од власта што и е за очекување. Ние се сеќаваме на моменти од минатото кога имало многу народ, кога имало многу музика, кога било многу весело,кога се вееле многу занимиња и навистина Илинден се прославувал онака како што јас би сакала да се прославува, сепак не би сакала да се очајува на овој ден бидејќи ќе има и нареден Илинден, 121 Илинден кој што ќе се прослави на поинаков начин, рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.