Недавање на отпор кон оваа власт е деструкција, а не обид да се сруши власта, вели во интервју за „Макфакс“ поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
За актуелните блокади во Собранието и најавените понатамошни чекори на ВМРО-ДПМНЕ, Димовски вели дека методот што го избрала опозицијата е сосема коректен иако, како што најави, на моменти ќе изгледа можеби и агресивен.
Додаде дека нема најава за лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски: „Нема најава за таков контакт“.
Оценувајќи го односот на сегашниот премиер Димитар Ковачевски кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димовски вели:
Слушнавме дека овој премиер е покрут во односот со опозицијата од кој било досега. Не може да има премиер во државата кој не е спремен да разговара со сите фактори во општеството. Функцијата премиер треба да подразбира капа за сите, а не само за своите.
Не е нормално, додава Димовски, премиер да не сака да се консултира со опозицијата за национални прашања, како што е спорот со Бугарија.
Не може една партија да решава сама по свој ум крупни национални прашања. Не е нормално премиерот да не сака да се консултира со опозицијата. Која е таа суетност и ароганција, барем да сослуша, вели Димовски.
„Не верувам дека најспремни за прашањето со Бугарија се Бојан Маричиќ и Бујар Османи и тоа не го прифаќам, потенцира Димовски.
Целото интервју на „Макфакс“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.