Ковачевски не треба да бега од подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Тоа е во интерес на граѓаните и на Македонија. Ковачевски треба да престане да биде заложник на заевизмот, но и заложник на коалицискиот партнер, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните, кои на крајот на краиштата во огромно мнозинство сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец.

Затоа предлагаме експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да определиме датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери, се додава во партиското соопштение.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.