И повторно исти „театарче лево ќоше“ фори, коментира Богдан Илиевски, за донесувањето во собранието на измените и дополнувањата на Кривичниот законик.

Епа вака другари:

 

– ако ВМРО излезеше од гласање ќе беше „еее, не гласавте против, зошто не излеговте да гласате против! уа уа не бевте против бидејќи ви одговараат измените на КЗ“

 

– никој од театарче лево ќоше не поднесе амандмани, не беше на комисијата за да побара збор (каде зборуваше на пример Гордана Силјановска Давкова) и ако сакате со шупачкиот логички наратив:

 

„ЛЕВИЦА НЕ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ ИЗМЕНИТЕ НА КЗ“ 🙂

 

А сега уште малку факти, освен оние дека цела опозиција предводена од ВМРО даде сто изјави на темава:

 

– И Девица да се одважеше и да поднесе 11.764 амандмани, џабе ќе беше бидејќи со злоупотреба на европско знаменце, постапката трае 2 дена и тоа е тоа, што сакаш прави, чим решиле ќе усвојат.

 

– Собрание според деловник одлучува полноправно ако на седница има 61 пратеник и ако ЗА гласаат минимум 40 пратеници (види фото од деловник)

 

– На седницата пријавени присутни биле 104 пратеници. Тоа што не гласале воопшто 20 од пријавените присутни не менува ништо, повторно 48 биле за (а 40 се доволни).

 

Мислам, досадно ми е да се објаснувам со луѓе што ги поддржувале Заев и Катица Јанева колку се суштински боси, но за сите кои од некои причини им ги купуваат форите, ете што велат доказите, математиката и законите.

 

Конечно,

 

„и со златно знаме да ги донесете, џабе ќе ви е“.

 

Патем, се јавија од ЕУ и од Кале со оцена на постапката?, пишиува Илиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.