Европскиот суд за човекови права, за кршење на човекови права на македонското малцинство веќе има донесено 16 пресуди во корист на македонската страна. Ова укажува на високото ниво на шовинистичка и негаторска политика која ја води Бугарија кон Македонците и непочитување ниту на основните човекови ниту на европските права на македонсата заедница во Бугарија, реагираат од ОМО Илинден – Пирин.
Наместо преземање на одговорност и уважување на основните човекови права, велат тие, новиот бугарски премиер ја продолжи неофашистичката реторика која ја води Бугарија. Неговата последна изјава дека не постои македонско малцинство во Бугарија, ги погоди чувствата на сие Македонци, особено на оние кои живеат во Бугарија.
Заради ова, забранетата македонска партија ОМО Илинден – Пирин, излезе со свој став.
Со изјавата дека во Бугарија нема македонско малцинство, бугарскиот премиер Кирил Петков, се вклучи во тоталитарната штафетна трка, која ја започна Тодор Живков, пренесувана како срамна зараза преку Бојко Борисов и Красимир Каракачанов, па се до него, се вели во реакцијата на партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден-Пирин.
Тие констатираа дека ваквото однесување на Бугарија го практикува најголемиот дел од политичарите во државата.
Но, не само Петков, туку и милиони да ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина, ниту пак да ги снема Македонците. Зборовите на оние кои ја негираат вистината немаат моќ да го сменат фактот дека во Бугарија има и ќе има македонско малцинство. Затоа што вредност и важност има гласот, не на оние кои негираат, туку гласот на оние кои се самоопределуваат и ќе продолжат да се самоидентификуваат како Македонци, како што се нивните татковци и дедовци, стои во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.