За време на денешната посета на Скопје, премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков се сретна и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мцикоски, на кој се разговарало за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.

Се задржав на истите позиции кои се и претходно јавно познати.
Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави.
Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји.
Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување, соопшти Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.