Градоначаникот на Струмица, Костадин Костадинов, продолжува по стапките на својот претходник и ментор Зоран Заев, градејќи октопод од фирми во сопствеништво на блиски членови на фамилијата, со кои криминално се узурпура Струмица и струмичкиот регион, велат од Левица од каде откриваат дека зетот за сестра на Костадинов, Никола Милушев последните неколку месеци за првпат зачекорил во бизнис светот, основајќи дури пет фирми – две за производство на електрична енергија, две за градежништво и една автошкола!

Без претходно било какво бизнис искуство, зетот на Костадинов забрзано гради бизнис империја откако Костадинов е градоначалник на Струмица.

Основањето фирми за производство на струја, по примерот на жената и кумот на Димитар Ковачевски, е еднакво на воено профитерство, во услови кога граѓаните плаќаат енормна цена на струјата.

Ја потсетуваме јавноста дека ова не е прв случај на непотизам и сомнежи на судир на интереси поврзан со Костадинов. Претходно истиот беше фатен во скандал за вработување на својата мајка во државна институција, без соодветно образование и никакви квалификации, велат од партијата.

Левица ги повикува сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција да ги испитат условите под кои се основани овие фирми, сомненијата за корупција и судир на интереси, како и потеклото на парите со кои се основани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.