Разногласие во НАТО. Балканските членки се поделени околу тензиите во Украина. И додека македонската министерка Славјанка Петровска е решена да испраќа македонски војници на украинско-руската граница, претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека ќе ги повлече до последен хрватските војници доколку ситуаијата ескалира.
Милановиќ потенцира дека НАТО-членката Хрватска нема да на ниту еден начин да се инволвира во било каква воена акција.
НАТО ја зголемува безбедноста, ние не мораме ништо да направиме околу тоа, ниту, пак, ќе направиме нешто во иднина. Доколку дојде до ескалација, ќе го повлечеме и последниот хрватски војник. Тоа нема врска со Украина, туку со политиката на Бајден (Џо), во што гледам конзинстентност и опасно однесување. Ова се случува во предградието на главниот град на Русија, а постојат начини да се сочува Украина, барем во 99 отсто – вели Милановиќ.
Хрватскиот претседател вели дека администрацијата во САД е под притисок цврсто да се претстави пред руските интереси.
Кога си замина Трамп, кого демократите го напаѓаа дека се однесува како дадилка кон политиката на Путин, новата администрација е под постојан притисок од „јастребите“ во Републиканската партија, кон Русија да се однесуваат цврсто. Можам да го видам интересот на Русија, како и интересот на Украина. На Украина местото не ѝ е во НАТО. Тоа е една од најкорумпираните земји во светот. Потребен е мир, да ја смириме политичката тензија и затоа Хрватска нема да учевствува во тоа – додаде Милановиќ.
Позициите на нашата држава по однос на проблемот што го имаат Руската Федерација и Република Украина е дека целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, децидна е министерката за одбрана Славјанка Петровска. Како земја-членка на НАТО, ја поддржуваме и се залагаме за политиката на отворени врати и правото на секоја земја, вклучително и Украина, за самоопределување, истакна вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју на ТВ Телма.
Секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука се уште не е донесена, истакна Петровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.