Денес имаме средба со претставници на т.н. Млади европски амбасадори, тоа е една исклучително талентирана група на млади луѓе од Македонија, вкупно 120 се избрани во Европа од кои што 10 се Македонија што имајќи во предвид големината на државата се работи за една исклучително голема бројка. И ќе поразговараме во однос со состојбите во државата и европските интеграции, рече на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Особена чест ми е што вчера во рамки на сесијата на парламентарното Собрание на Советот на Европа бев избран за потпретседател на Европската Народна партија во рамките на Советот на Европа. Тоа значи дека во рамки на најголемата политичка партија во Европа ќе имам можност да ги координирам активностите заедно со претседателот на групата во Советот на Европа. Тоа се пред се активности поврзани со делот на заштита на човековите малцински, јазични права, понатака фер и демократски избори, мониторинг на избори, борба со организиран криминал и корупција, и економска еднаквост. Покрај мене беа избрани и исто така за заменици претседатели и господинот Улрих Вокер од Германија, госпоѓата Дора Бакојани од Грција, понатака Бернард Фурние од Франција, колегата Луис од Португалија, и колешката Шо од Норвешка. Така што тоа е еден убав настан кој што се случи вчера, истакна Николоски.

На новинарски прашање дали сите партии се согласни со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинска влада? Николоски одговори.

Од она што јавно го слушнав сите политички партии се согласни со нашиот предлог односно мислат дека времето на т.н. техничка или Пржинска влада заврши. И јас очекувам во текот на утрешната седница нашиот предлог да биде ставен на Дневен ред и да биде разгледан и да биде усвоен. Ова е уште едно подавање рака од наша страна затоа што ние ова го нудиме од опозиција, а не од власт. Што мислам дека доволно кажува, затоа што механизмот техничка или Пржинска влада е во корист на опозицијата, а ние доброволно се откажуваме од овој механизам со цел да го скратиме рокот потребен за организирање на избори и од 100 дена колку што се предвидени во оваа техничка влада да одиме на уставните 45 дена за организација на избори, што ќе скрати многу рокови. И што е уште еден аргумент да одиме на брзи и предвремени избори затоа што Македонија непотребно троши време од локалните избори до формирањето на Влада Македонија изгуби повеќе од два ипол месеци, тоа е празен од. Извесно е дека ќе се случат парламентарни избори, само е прашање кога, да не го губиме времето да го направиме тоа веднаш за не заостанува државата, одговори Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.