Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер – Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ, објави Канал 5 телевизија.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска… Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!, се вели во објавата на Канал 5 телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.