Народот може да биде гладен поради високите цени, а не поради недостиг на храна, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Недостиг на одредени прехранбени производи има и во Црна Гора, изјави директорот на црногорската Управа за храна и ветеринарство.

-Во Црна Гора има недостиг, не е нешто драстично да нема производи за купување, но имавме случаи кога одредени намирници ги немаше во Црна Гора или беа многу поскапени. Ние се трудиме да ја снабдиме целата држава со основните продукти, вели Владирми Џаковиќ од управата за безбедност на храна и ветеринарни прашања на Црна Гора.

Во однос на безбедноста, храната која влегува во Македонија во моментов е безбедна, велат експертите од областа на храна и ветеринарство. Директорот Бабовски, уверува дека секоја намирница која се увезува поминува низ строга проверка, а и за храната која веќе е на пазар се спроведуваат засилени контроли.

Вакви коментари беа изнесени на Форумот на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан за подобрување на здравјето на домашните животни, кој веќе два дена се одржува во Охрид.

Извор: ТВ21


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.