Појавените информации за промена во начинот на кој Република Македонија се именува или обележува во НАТО  од Министерството за надворешни работи испрати појаснување:

-Според правилата на НАТО, кои сe донесени далеку пред нашето членство, за протоколарни потреби земјите се означуваат со целосните имиња, и тоа соодветно на транскрипцијата во англиската азбука , освен кога тоа е технички неизводливо. Со цел да не се промени редоследот, земјите – членки се одбележуваат со првите две букви од името на земјата и тоа, доколку е тоа со еден збор, или со првите букви од двата збора, како во нашиот случај кога името е од повеќе зборови. Целта на ова правило е соодветно да се адаптираат целосните имиња на земјите без притоа да се наруши азбучниот ред на англиски јазик по кој се подредени земјите, што, пак, е исто така правило во рамките на Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.