Според поранешниот министер и економски експерт Џевдет Хајредини, премиерот Димитар Ковачевски има лоша перцепција за вредностите.

За Ковачевски, Бучковски е врвен професор кој, иако за корупција беше осуден, не отиде во затвор, коментира Хајредини.

Ковачевски во неодамнешното интервју за „Трилинг“ рече дека има комуникација со сите бивши претседатели на СДСМ, бидејќи сите се сè уште членови на партијата.

Шекеринска е потпретседател на Партијата на европските социјалисти, ние сме многу горди на тоа и со неа често комуницираме на полето на меѓународната политика. Професорот Бучковски е врвен професор по право, така што и со него на таа тема знаеме да поразговараме, последниот разговор го имавме пред три-четири недели. Со премиерот Заев, тој сега има други обврски, немало никакви разидувања ниту конфликти. Имаше одредени написи коишто тој ги демантираше. Сите одлуки во СДСМ се носат многу транспарентно и низ дебата во телата, изјави Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.