Тешко дека било каде во светот постои друг случај, претседателот на една од повеќе мали партии, за изградба на пат, да преговара со еден министер за сообраќај на друга соседна држава, коментира поранешниот министер Џевдет Хајредини на веста дека лидерот на ДУИ Али Ахмети го прими министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово Либурн Алиун и со него дискутираше за фазите на имплементацијата на проектот за патот Тетово-Призрен.
За реализација на било кој проект, па и за овој патен правец што ќе ги поврзе двете земји, во нормална држава надлежни се државните органи, а не било кој „лидер“ на било која политичка партија, како што е Али Амети во овој случај.
Али Амети не ја извршува ниту пратеничката функција за која е платен, додава тој.
Хајредини потсетува и дека Ахмети, кој преговара за патишта, повеќе од дваесет години живее во населба во која сè уште нема фекална канализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.