Каква чест им направи владиниот пиар на новинарите уште синоќа кога им испрати најава за активностите на премиерот Димитар Ковачевски денес и утре. Имено, според најавата премиерот Таче денес и утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог, кој годинава се одржува во Струга.
Голем јавен настан за да се сокрие премиерот од јавноста како што се сокри вчера кога беше во посета на фирма во Карпош.
Премиерот Ковачевски ќе го отвори ПФД 2023 со обраќање на официјалното отворање на 15 јуни 2023 година, на панел сесијата на тема: „Договор од Преспа по пет години: предизвиците се претворија во можности“, а на 16 јуни пак, во рамки на премиерскиот панел, премиерот Ковачевски ќе говори за важноста од регионалната соработка, која е клучна во услови на геополитички превирања и силна поларизација на светот.
Исто така, предвидено е да одржи и билатерални средби со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со Ејми Е. Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција, како и со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан.
Агендата на Таче и програмата на Форумот се строго определени, па така Таче ќе ја искористи гужвата од високи гости да му го чува стравот од незгодните прашања на новинарите.
Сепак, нека не заборава нашиот премиер, Форумот ќе заврши, а едноставните прашања за комплексните проблеми ќе останат и ќе му бидат поставени. Нека го искористи времето да најде одговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.