Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара да се сретне со претседателите на Русија и на Украина во нивните главни градови, изјави портпаролот на ОН.
Гутереш тоа барање го упати во писма испратени до рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, изјави портпаролот Стефан Дужарик.
ОН беа во голема мера маргинализирани во кризата откако започна руската инвазија на 24 февруари, делумно поради тоа што војната ги подели постојаните членки на Советот за безбедност на ОН: САД, Франција, Велика Британија, Кина и Русија.Кина одби да ја осуди инвазијата. Со писмата што ги испрати Гутереш се обиде да поттикне дијалог за ставање крај на војната.
Во овој момент на голема опасност и последици, тој би сакал да се разговара за итни чекори за постигнување мир во Украина, рече Дужарик.
Гутереш имал кус контакт со Зеленски од почетокот на војната, разговарајќи со него само еднаш по телефон, на 26 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.