Зошто имало восочни фигури и слики од еден или друг лик во историски музеј? Затоа што тоа не е музеј на хероите, туку музеј кој ја визуелизира историјата каква што била, а дел од неа се и хероите и антихероите и сите што одбележале некоја историска епоха на одреден простор со своето делување, вели поранешниот премиер Никола Груевски, по реакциите во јавноста дека восочна фигура од Ванчо Михајлов има во Штип.

Така е во целиот свет. Поставките во еден таков музеј не претендираат да ја толкуваат историја. Тоа евентуално може да го прави кустосот кој дава информации поврзани со поставките во музејот. Да, дури и музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон или Хонг Конг не ги рехабилитира Хитлер и Мусолини, или пак Сталин во истиот музеј во Прага, само затоа што беа поставени таму. Не може да се прикаже историјата во историски, но и во други типови музеи само со селективен избор на настани и ликови. Се друго е или незнаење или дневна политика и партиски препукувања, пишува Груевски споделувајќи фотографии од восочни фигури на Хилтер и Мусолини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.