Потпретседателот на ДУИ и пратеник во републичкото Собрание Изет Меџити им порача на жителите на Сарај дека овој собир е Гласот на народот, гласот на вистината и токму тука сакаат да ја донесат ДУИ. Меџити со апел до Артан Груби, да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне, дарувајќи ги нивните позиции на Алијанса, бидејќи тие се моќни и без функции, веќе 20 години колку што допринесуваат во ДУИ.
Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал. Со измама стана пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во владата во 2020 година без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството. Меџити рече дека Артан Груби освен што ја ослабува ДУИ, секојдневно го ослабува и Али Ахмет опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други. На ДУИ, рече Меџити, и требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Артан Груби и неспособните министри.
Организацискиот секретар на ДУИ и градоначалник на Сарај, Блерим Беџети рече дека извршната власт не мрда со процесот на децентрализација, тоа го отежнува развојот на албанските општини, а проектите се реализираат заедно со многу стопанственици од општината.
Граѓанинот на Сарај не е застапен на ниту едно ниво, структурата на Сарај не е застапена ниту во министерства ниту во владата. Се што прави Артан Груби е личен протагонизам и побара од него да си поднесе оставка пред граѓаните и пред раководството на ДУИ, рече Беџети.
Беџети рече дека ќе ја продолжат оваа битка додека не ја обединат ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.