Првиот вицепремиер Артан Груби, во гостување во емисијата #ClickPlus на ТВ21 вели дека ДУИ не размислува за предвремени избори.

„Во ДУИ не се размислува за предвремени избори. Не е сега време за тоа. Не чека многу работа. Треба да гласаме за уставните измени, скрининг процесот со ЕУ, има проекти за реализација, коридорот 8, други инфраструктурни проекти, затоа избори ќе има во 2024 година и тогаш ДУИ повторно ќе победи“, рече Груби.

Груби во вечерашното гостување во емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека нема да има смена на министри од ДУИ.

После саботната средба на новото претседателство на ДУИ, Груби вели дека имало конструктивна дебата и дека е посебно среќен што е дел на како што вели, од политичката академија ДУИ, каде 10 часа се дискутирало за економски проекти.

„Да имаше сериозна дебата. Имаше критики за Владата, но на крај ДУИ излезе посилна. Ахмети кажа веќе не постои “Огнена група“ и нема да има промена во составот на министрите од редовите на ДУИ“, изјави Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.