Вицеремиерот Артан Груби на новинарски брифинг, на кој одговараше прашања за изградбата на коридорите 8 и 10д, рече дека јавноста нема да го види контроверзниот договор со „Бехтел и Енка“, бидејќи е „класифициран и во него има деловни тајни“.

Компанијата исто така не дозволува да биде објавен. Единствен кој го има договорот е Јавното обвинителство.

Тоа е секаде каде што гради овој конзорциум. Така беше и во Србија и на Блискиот исток. Тоа не е ништо чудно, рече Груби на брифингот со новинарите.

Координаторот на проектот објасни дека без да се донесат законските решенија проектот ќе чини повеќе, а ако се донесат ќе чинат помалку.

Проектотот треба да заврши за 4 години и 7 месеци. Тоа е единствената разлика, објасни Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.