Јавното обвинителство да отвори постапка за Артан Груби, бараат од ВМРО-ДПМНЕ, напоменувајќи дека првиот вицепремиер го добива автомобилот „ауди“ осум дена откако фирмата која му го дава купува хотел на Шапка по багателна цена.
Смешни се изговорите на Груби дека Аудито му е дадено на услуга. Нема човек што верува дека некој би купил возило од 80.000 евра и би му го дал на користење на Груби, само затоа што му е пријател.Која е економската логика на тој што го купува возилото? Дали можеби ќарот е во против услуга од страна на Груби и во што се состои таа? Груби ја навредува интелегенцијата на граѓаните, но и се подбива со институциите како ЈО кои не смеат да му отворат истрага. Очевиден е сомнежот за корупција особено кога се знае дека фирмата која го купува Аудито 8 дена пред да му го даде на Груби го купува хотелот на една градежна компанија на Шапка за 55.000 евра, по што истата таа градежна компанија добива милионски тендер од државата.ЈО не смее да молчи за очигледната корупција на Груби, која и деца од шкоска возраст можат да ја препознаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.